Антоан Гризман со реализација на најавениот трансфер би ја засилил конкуренцијата за место во нападот на Барселона, но Луис Суарез не стравува за својот статус. Напротив, Уругваецот со отворени раце би го пречекал францускиот ас, свесен дека со неговото доаѓање Барселона уште повеќе би добила на квалитет.
„Барселона секогаш настојува да донесе врвни играчи, а Антоан сигурно е дел од тоа друштво, исто како што беа и Кутињо и Дембеле во текот на оваа сезона. Гризман е лидер на Атлетико и тоа најдобро говори за неговите квалитети. Ако дојде во Барселона, сигурно ќе биде добредојден. Овде никој не размислува сам за себе, тој не доаѓа за да му земе место на некого, туку за да биде дел од тимот и сите заеднички да оствариме нови успеси, да освоиме нови трофеи“ – изјави Суарез.
Гризман ја одби и најновата понуда за нов договор со Атлетико Мадрид и речиси сигурно е дека на крајот од сезонава ќе си замине од овој клуб. Во актуелниот договор има клаузула од 100 милиони евра за трансфер, сума што Барселона е подготвена да ја плати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА