Суарез: Кога ти оди, тогаш секоја шутната топка завршува во мрежата

Барселона премногу лесно се откажа од него и го пушти во Атлетико Мадрид, каде ја потврдува врвната класа од натпревар во натпревар. Луис Суарез постигна нови два гола во убедливата победа на гости против Кадиз со 4:2. „Јорганџиите“ во моментов се на врвот на Примера со десет бода повеќе и натпревар помалку од Барса и Реал.

Уругваецот досега има постигнато 14 погодоци во шампионатот во досегашниот дел од сезоната и е лидер на листата на стрелци пред Лионел Меси. Против Кадиз, неговиот погодок од слободен удар беше особено атрактивен за фудбалската јавност.

„Кога ќе тргне нешто на добро, тогаш секоја топка влегува во мрежата. Напаѓач кој е во форма треба да ја искористи секоја можност што ќе му се најде и да ужива во моментот. Додека бев во Барселона, Меси беше одговорен за слободни удари. Сепак, постигнував вакви голови во минатото и за Ливерпул и за репрезентацијата на Уругвај. Ова го вежбам секој ден, и мило ми е што се исплатеше “, вели одличниот напаѓач.

Атлетико е во неверојатна серија од осум врзани триумфи. Последниот и засега единствен пораз во шампионатот го претрпеа од Реал на 12 декември минатата година, а со оваа нова победа против Кадиз, Диего Симеоне и неговите играчи уште повеќе ја зацвсрстија лидерската позиција во Шпанија.

„Кадиз може да биде многу незгоден дома. Тие имаат одлични крилни напаѓачи. Успеавме да победиме, но не беше воопшто лесно“, изјави Суарез.

Се вчитува...