Барселона одигра катастрофален натпревар против ПСЖ, но Луис Суарез со потсмев гледа на критичарите кои тврдат дека времето на каталонскиот гигант е изминато. Свесен дека ќе биде неопходно чудо на реваншот на „Камп ноу“, тој ги повика соиграчите да сторат се што можат за тоа да се случи, пред се како доказ за карактерот на тимот, кој според Суарез целосно е застанат зад тренерот Луис Енрике.
„Никогаш не им обрнувам внимание на критичарите, бидејќи тие пишуваат лошо за нас дури и кога победуваме, камоли кога губиме. Крај на една ера… луѓе, па ние сме најдобар тим во светот, како може да е крај на ера. Знаеме дека игравме лошо, самите сме си виновни за она што ни се случи, но сега самите ќе се обидеме да ја исправиме работата. Секако дека ќе биде тешко, но мораме да веруваме во себе, ако веруваме, тогаш се е возможно“ – истакнува Суарез.
Уругваецот сезонава има постигнато 25 погодоци, со што е најдобар стрелец на Барселона, пред Меси и Нејмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА