Атлетико Мадрид и Барселона остануваат единствените две непоразени екипи во Примера дивизион откако нивниот меѓусебен дуел во Мадрид заврши без победник, 1-1.
Барса по седумте победи во низа конечна беше запрена, а каталонците можат да бидат и задоволни ако се знае дека долго време беа во негатива по прекрасниот погодок на Саул Нигез. Сепак, тоталната оминација во вториот дел, кога Меси еднаш го погоди и дирекот, конечно вроди со плод на десетина минути до крајот, кога Суарез погоди со глава по центаршутот на Серхио Роберто. Со тоа, уругвајскиот ас стана првиот гостински фудбалер што постигнал гол на новиот стадион на Атлетико „Ванда Метрополитано“.
Барса имаше две шанси во судиското продолжение, но Суарез за малку задоцни по додавање на Андре Гомеш, за Облак во последните секунди одлично да го прочита Меси при слободниот удар на Аргентинецот од работ на шеснаесетникот.
Барселона со оваа победа има 22 бода, пет повеќе од второпласираниот Реал, додека Атлетико Мадрид е на третата позиција со 16 бода на своето салдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА