Суарез не останува во Интер Мајами

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез, ќе го напушти клубот по истекот на неговиот договор. Уругвајскиот ветеран е врзан за тимот од МЛС до крајот на оваа година.

Иднината на 38-годишниот напаѓач останува неизвесна. Тој има две опции: да се врати во Уругвај или да ја заврши кариерата.

Суарез се приклучи на Интер Мајами во јануари 2024 година и оттогаш има 62 настапи и 34 гола за овој тим.

Договорот на Лионел Меси со американскиот клуб исто така истекува на крајот од годината, но поверојатно е дека двете страни веќе работат на негово продолжување.

Се вчитува...