Луис Суарез и на 34-годишна возраст сеуште докажува дека е врвна класа. Уругваецот претходната сезона беше еден од најдобрите играчи на Атлетико Мадрид во походот кон титула со 21 гол и 3 асистенции на 32 одиграни натпревари во шпанското првенство.
Тоа беше мотив за англиските медиуми да започнат со шпекулации за враќање на голгетерот во Премиерлигата каде ги бранеше боите на Ливерпул од 2011 до 2014 година, нешто што Уругваецот експресно го отфрли.
„Би ми било тешко да играм за друг клуб во Англија. Имав, а се надевам дека и сеуште имаме добар однос со навивачите на Ливерпул и би ми било чудно да играм против „црвените“. Кога ќе помислам колку добро се вклопив во Атлетико и колку доверба ми даде тренерот, можам да кажам дека тоа беше правилна одлука. Уживам тука и нема потреба да говориме за потенцијално заминување“, вели Суарез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА