Суарез открива: Секое утро се мачам со болка, не можам ни да играм фудбал со син ми…

Легендарниот уругвајски голгетер Луис Суарез стави крај на едно поглавие во блескавата кариера откако го одигра последниот натпревар за бразилскиот прволигаш Гремио. На збогувањето навивачите го почести со прекрасен гол во победата над Васко де Гама од 1-0 па по натпреварот доби и громогласен аплауз од публиката.

Гласините се дека 36-годишникот кариера ќе ја продолжи во Интер Мајами каде повторно ќе има шанса да заигра со поранешните соиграчи од Барселона, но дали ќе дојде до тоа останува да видиме со оглед на последната емотивна изјава во која откри шокантни детали за неговата физичка состојба.

„Ден пред натпревар морам да испијам три апчиња и неколку часа пред мечот да добијам инекција. Ако не го направам тоа, не можам да играм. Морам да мислам за тоа дека за пет години нема да бидам во состојба да одиграм ни партија фудбал со пријателите. Вистина е дека првите чекори секое утро ми се многу, многу болни. Секој кој ќе ме види мисли дека е невозможно да играм фудбал. Мојот син постојано ме вика да играме, а јас едноставно не можам“, откри Суарез.

Се вчитува...