Фудбалската репрезентација на Уругвај е освојувач на третото место на годинашното издание на Копа Америка кое се игра во Соединетите Американски Држави, откако во малото финале славеше над Канда по изведување на пенали со 4-2 (2-2).
Уругвај поведе со 1-0 со погодокот на Бентанкур уште во 8. минута од мечот. На 1-1 израмни Коне во 22. минута, додека целосен пресврт направи Дејвид во 80. минута 1-2. Како и многу пати досега херој на Уругвајците беше Луис Суарез кој со својот гол во 92. минута израмни на 2-2 и го одведе мечот во пенал-рулетот.
Таму Коне и Дејвис не реализираа за Канада, за победа и големо славје на Уругвајците од 4-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

