Кариерата на Луис Суарез полека се ближи кон крајот. И покрај тоа што Уругваецот и натаму настапува како играч во Интер Мајами, сепак, екс фудбалерот на Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид се откажа од репрезентацијата.
37-годишниот напаѓач одамна не е „вистинскиот“, повредите и очигледно годините оставија трага на него, па на почетокот на новата сезона беше принуден да го облече „омилениот дрес“, за последен пат.
Иако се чинеше дека последниот период на Суарез во националниот тим е завршен на мирен и емотивен начин, последните зборови на славниот ‘Ел Пистолеро’ укажуваат на спротивното. Тој се реши да го нападне селекторот Марсело Биелса поради начинот на кој се однесува кон фудбалерите.
„На Копа Америка имаше ситуации кои ме повредија, но не ги кажав заради соживот во соблекувалната. Многу играчи одржаа состанок за да побараат од тренерот барем да ни посака добро утро, но тој не ни поздрави – започна Суарез и продолжи:
„Одржа прес-конференција на која ги фалеше навивачите, за утредента да не ни дозволува да ги поздравиме. Се соочив со него и му реков дека ќе одам да се поздравам со фановите. Му зборував пет минути, а тој само ми одговори „многу ти благодарам“ – рече Суарез.
„Во комплексот никој од вработените не смееја да влезат и да не поздрават. Мораа да внимаваат и на која врата ќе влезат. Ми се крши срцето. Ги молам само навивачите утре ако нешто тргне наопаку, да не ги обвинуваат играчите. Биелса ја подели соблекувалната“, рече Суарез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА