Барселона одигра под своите можности на гостувањето во Севилја против Бетис, па едвај стигна до бод. Во фокусот на вниманието на јавноста сепак остана непризнаениот погодок на каталонскиот гигант во ситуација кога сите освен судиите видоа дека топката ја мина гол-линијата.
„Топката беше еден метар во голот, што да се каже во една таква ситуација. И судиите можат да згрешат, снимките покажаа дека станува збор за чист гол. Оваа победа ни беше многу потребна, но не успеавме да ја забележиме. Знаевме дека ќе биде тешко, не одигравме во рамките на своите можности. Мораме да работиме напорно за на следните средби да прикажуваме уште подобри партии“ – изјави стрелецот на израмнувачкиот погодок за Барса, Луис Суарез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА