Суарез со многу солзи се прости од националниот дрес (ФОТО)

Луис Суарез со натпреварот против Парагвај се прости од репрезентацијата на Уругвај. Овој натпревар ќе остане запаметен по тоа што легендарниот фудбалер го одигра последниот меч во репрезентативниот дрес.

Суарез играше од стартот на мечот, а најблиску до гол беше во 18. минута, кога беше на околу 12 метри од голот, со ножички се обиде да ги израдува своите сограѓани на збогувањето, но не успеа во тоа.

По последниот свиреж на мечот кој заврши 0-0 тој почна да плаче, додека соиграчите дојдоа до него и се обидуваа да го утешат. Во дресот на Уругвај одигра 143 натпревари и постигна 69 голови.

Се вчитува...