Лео Меси и Аргентина се на победа до освојување на Светското првенство кое се одржува во Катар откако лесно се справија со Хрватска во полуфиналниот натпрвар. Предводник на „гаучосите“ беше Меси кој забележа гол и асистнеција, уште еднаш докажувајќи ја својата големина.
По пласманот во финалето порака до Меси имаше и неговиот сонародник Луиз Суарез кој му порача никогаш да не се уморува од докажувањето дека е најдобар на светот.
„Никогаш не се уморувај докажувајќи дека си најдобар на светот. Целиот свет ќе стана и ќе му даде аплауз на овој човек и што тој даде на фудбалот. Неверојатно, пријателе мој“, напиша Суарез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА