Атлетико Мадрид триумфираше на гостувањето кај Депортиво Алавес со 1-2 во натпревар од 17. коло во шпанската Ла лига.
Гостите поведоа во 41. минута преку Маркос Љоренте. Натпреварот изгледаше решен кога Лагардија во 63. минута доби црвен гол, но ефектниот автогол на Фелипе во 84. минута доведе до израмнување. Сепак, феноменалниот Суарез повторно се покажа како амајлија на Симеоне и во 90. минута донесе нови големи три бода.
Атлетико изби на врвот на табелата со 38 бода, два повеќе од големиот ривал Реал Мадрид, но и два натпревари помалку. Алавес останува 13. со 18 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

