Раководството на Бутел успеа да обезбеди значаен потпис за иднината, откако денеска потпиша нов договор со младинскиот репрезентативец на Македонија, Дамјан Субашевски.
Овој играч се наметна со добри игри од стартот на сезонава, што беше доволна препорака да потпише нов договор со „бутелци“, со важност до јуни 2027 година.
„Еден од најдобрите стрелци во тимот на Бутел Скопје, Дамјан Субашевски, ја продолжи верноста кон нашиот клуб. Левото крило кое имаше договор до крајот на оваа сезона, потпиша нов на уште две сезони и ќе остане најмалку до 2027 година.
Младинскиот репрезентативец имаше одлични настапи за Македонија на Европското првенство во Словенија, а сезонава се промовира како еден од лидерите на составот предводен од Горан Кузманоски“, објави РК Бутел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА