Борусија Дортмунд од денеска е послаба за двајца фудбалери откако Невен Суботиќ и Адријан Рамос решија да го напуштат таборот на „милионерите“. Станува збор за двајца играчи кои не се стандардни првотимци кај тренерот Тухел, кој даде зелено светло српскиот дефанзивец и бразилскиот голгетер да ги сменат клупските бои.
Суботиќ останува во Бундес-лигата, па својата кариера ја продолжува во дресот на Келн. Искусниот одбранбен фудбалер утрово доби зелено светло за преговори со „овните“, експресно ги договори условите за соработка, па веднаш ќе му се стави на располагање на новиот тренер.
Што се однесува до Рамос, тој го договори своето заминување во кинескиот прволигаш Чонгинг Дандаи, трансфер вреден 11 милиони евра. Бидејќи преодниот рок е затворен, Рамос ќе се пресели во јуни во Кина, а дотогаш ќе настапува пет месеци како позајмен играч во шпанскиот прволигаш Гранада. Зеленото светло за заминување на екс-голгетерот на Херта беше дадено откако Борусија го ангажираше шведското „чудо од дете“, Александер Исак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА