Судан со автогол славеше против Е. Гвинеја (ВИДЕО)

Фудбалерите на Судан ја запишаа првата победа на годинашното издание на Африканскиот куп на нации кој се игра во Мароко, откако вечерва славеа во второто коло против Екваторијална Гвинеја со 0-1.

Првото полувреме го одбележа ситуацијата од почетокот на мечот, кога голманот на Судан, Елнил необјасниво ја изгуби контролата и падна на тревникот. Можеби само моментално беше зашеметен или во несвест, во секој случај не изгледаше убаво. Му беше укажана помош неколку минути и се чинеше дека сигурно ќе ја напушти играта, но на крајот лекарите проценија дека е подготвен да го продолжи натпреварот.

Суданците во вториот дел успеаја да стигнат до полн плен (0-1) со автоголот на Коко во 74. минута.

 

Equatorial Guinea 0-1 Sudan – Saul Coco OG 74'
byu/Meladroit05 insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

 

 

Се вчитува...