Сопствениците на НБА тимовите одржаа состанок со комесарот на лигата Адам Силвер по повод враќање на терените по пандемијата од коронавирусот. Општ заклучок е дека сите се едногласни сезоната да продолжи и да успее да заврши актуелниот шампионат.
На состанокот сите со согласиле дека еден позитивен тест нема да е проблем за повторен прекин, но доколку се случи повеќе кошаркари да се заразат тоа сигурно ќе значи крај на сезоната.
Адам Сивлер вели дека во следните две до четири недели ќе се знае сигурно судбината на годинашната сезона во НБА.
ESPN story on NBA’s Board of Governors call with Adam Silver today and optimism growing toward a resumption of play this season. https://t.co/NpiRUX5tkP
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) May 13, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА