Дури на крајот на мај ќе може да се прават проценки и евентуално да биде донесена одлука околу продолжувањето на сезоната во Серија А. Еднакви се и шансите одлуката да биде и сосема спортивна, односно да биде прогласен прекин. Ова е ставот на италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора.
„Дозволивме на 4. мај да почнат индивидуалните тренинзи, на 18. мај ќе почнат и тимските сесии и на крајот од месецов ќе можеме да кажеме дали ќе продолжи Серија А. Ќе треба трпение. Може да донесеме и идентична одлука како и Франција. Но, јас не би го сакал тоа. Во овој момент никако не можам да кажам дали фудбалот ќе продолжи на 14.јуни. Едноставно, не знам“ – вели Садафора во денешното интервју за „Corriere della Sera“.
Од вчера клубовите полека се подоготвуваат за тренинзи и се во очекување на одлуката за рестарт на сеозната која беше прекината на 9. март по натпреварите од 26. коло. Јувентус е лидер на табелата со 63 бода, еден повеќе од второпласираниот Лацио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

