Судење? Па, во Португалија се игра додека Спортинг не победи! (ВИДЕО)

Судењето е тема број еден во голем број светски земји, па и кај нас како по обичај секогаш се нагласува дека судењето е една од најслабите алки во фудбалскиот систем.

Но, судењето и тоа како е проблем и за најсилните европски лиги. Една од нив е португалската во која често може да бидете сведоци на крајно нелогични судиски одлуки со отворено фаворизирање на најсилните екипи како Порто, Бенфика или Спортинг.

Огромна полемика разви и синоќешниот натпревар во кој Спортинг победи со 1-2 на гостувањето против Тондела, со оглед на тоа дека главниот делител на правдата дозволи да се игра се додека Спортинг не дојде до гол и не победи.

Натпреварот беше продолжен 4 минути, а и во текот на судиското продолжение немаше причини за дополнително продолжување. Но, судијата Капела дозволи судиско продолжение од неверојатни 9 минути, односно се до 99. минута кога Спортинг дојде до гол за важна победа.

Треба да се истакне дека Капела претходно покажа и два црвени картони. Кај Спортинг во 59. минута беше исклучен Матиеу по втор жолт картон, а кај Тондела црвена картон заработи Муриљо на крајот од мечот.

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски изненадувачки не беше ниту на клупата за резервни фудбалери кај Спортинг на овој натпревар.

Се вчитува...