УЕФА денеска ги објави делегирањата на официјалните лица за претстојните квалификациски натпревари за Лигата на Европа, од кои дел ќе бидат и македонските екипи.
Работнички важи за фаворит на гостувањето против Тре Пене, а интересно е што правдата на првиот натпревар во Сан Марино ќе ја делат арбитри од Гибралтар. Поточно, главен судија ќе биде Џејсон Ли Барселона од Гибралтар, а помошници ќе му бидат сонародниците Јохан Ворд и Хуан Хозе Кандилјес.
Шкендија во првиот натпревар во Струмица ќе ја пречека Дачија од Молдавија, дуел на кој за судиите одредени се Полјаците Кшиштоф Јакубик, Марсин Борковски и Томаш Ниемировски.
Пелистер патува како аутсајдер на гостувањето во Полска против Леех, дуел на кој правдата ќе ја делат Португалците Луис Мигел Годињо, Антонио Годињо и Хозе Брага.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА