Судии од Шпанија за мечот Македонија – Казахстан

УЕФА ги одреди арбитрите за дуелите од осмото коло во квалификациите за пласман на Светското првенство, а со тоа се познати и судиите за мечот помеѓу Македонија и Казахстан кој се игра утре во Скопје во 20:45 часот.

Дуелот во Скопје ќе го суди Јуан Мартинез Мунуера од Шпанија. Помошници ќе му бидат сонародниците Диего Барберо Севиља и Иван Масо Гранадо. Четврти судија е Алехандро Муниз Руиз, додека прв ВАР судија Гилермо Куадра Фернандез. Хавиер Иглесиас Виљануева ќе биде асистент ВАР.

Контролор на судиите е Фреди Фаутрел од Франција, а за делегат е поставен Романецот Михаил Јонеску.

Се вчитува...