Македонија во четврток со почеток од 18 часот, ќе одигра пријателски натпревар со Летонија, за да ја пополни празнината со оглед дека во 9. коло од квалификациите за СП е слободна.
Одредени се судиите за овој натпревар, и истите доаѓаат од Црна Гора. Главен судија ќе биде Милош Савовиќ, додека него ќе му помагаат Никола Радуловиќ и Владислав Раденовиќ. Четврти судија ќе биде Влатко Илиоски од Македонија.
Натпреварот ќе се игра без ВАР технологија. ФФМ денеска соопшти дека влезот ќе биде слободен, односно нема да се наплаќа билет, со цел да се собере повеќе публика како поддршка пред решавачкиот меч во кампањата за пласман на Мундијалот.
После натпреварот со Летонија, Македонија ја очекува најважниот меч во овие квалификации, против Велс во Кардиф, кој ќе се игра на 18. ноември со почеток во 20:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

