Судиите кои ќе бидат задолжени за делење на фудбалската правда на претстојниот мундијал добро ќе го наплатат својот престој во Русија, откако ФИФА реши дополнително да го зголеми нивниот буџет за овој светски шампионат.
На СП 2018 ќе судат вкупно 36 главни судии и 63 асистенти, поделени во различни категории во зависност од нивното искуство. Притоа, главните судии ќе заработат по 57.000 евра за самото учество на СП, плус дополнителни 2.500 евра за секој натпревар на кој ќе ја делат правдата.
Ова е значително зголемување, ако се знае дека арбитрите на последниот мундијал заработија по 40.000 евра.
Нема лошо да минат ниту помошните судии, кои за самиот пат до Русија ќе бидат наградени со по 20.000 евра, а за секој натпревар ќе добијат уште по 1.600 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА