Дербито од седмото коло во Премиерлигата помеѓу Тотенхем и Ливерпул донесе суперинтересен натпревар во Лондон за кој сепак се говори не поради играта на теренот, туку поради судиските грешки кои германскиот стратег на клупата на „црвените“ ги оцени како „најнефер фудбалски натпревар што го има видено во животот“.
На Ливерпул прво неправедно му беше поништен гол, а потоа остана и со играч помалку откако престрого беше исклучен португалскиот репрезентативец Диого Жота.
Судиската комисија во рекордно време му се извини на Ливерпул за пропустите, а денеска стигна и казната. Главниот судија во ВАР собата, Дарен Ингланд кој требаше да биде дел од судиите на натпреварот меѓу Њукасл Јунајтед и Брентфорд е избришан од листата поради грешките на кои директно влијаеше.
Покрај Ингланд суспензија доби и неговиот помошник во ВАР собата, Ден Кук кој требаше да ја има истата улога и на натпреварот помеѓу Фулам и Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

