ЦСКА Москва поведе со 1-0 финалната серија на ВТБ-лигата против Уникс откако поранешниот европски првак славеше на премиерниот меч во Казањ со резултат . Во главна улога беше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, кој беше лидер на Уникс во текот на целиот меч, за една судиска одлука во самиот финиш да го направи трагичар на својата екипа.
Македонскиот плејмејкер брилијантно го одигра целиот натпревар, па иако се најде во проблеми со личните грешки имаше сили во клучните моменти, погодувајќи тројка со која на една минута до крајот донесе предност на Уникс од три поени. Домаќините имаа и „плус пет“, а потоа во самата завршница при „плус три“ не реализираа напад, по што на десетина секунди до крајот Димитријевиќ направи рутински прекршок на средината од теренот, спречувајќи реализација за три поени на гостинскиот тим.
Тогаш на сцена стапија судиите, кои неколку минути разгледуваа, по што досудија неспортска лична од Македонецот. Следеа две слободни фрлања за ЦСКА, но и напад по што беше досуден уште еден фаул, па московјани од линијата за слободни фрлања стигнаа до огромна гостинска победа на почетокот од оваа финална серија.
Димитријевиќ беше најдобар поединец во редовите на Уникс, постигнувајќи 22 поени, шест асистенци и три украдени топки. Во таборот на ЦСКА најзаслужни за победата беа Тримблсо 28 и Ембаје со 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА