Судиите ја признаа грешката: Манчестер јунајтед сериозно оштетен при последниот пораз

Манчестер јунајтед бил сериозно оштетен при последниот пораз што го претрпеа „црвените ѓаволи“ (3-1 против Бретфорд), призна денеска шефот на судиите во Премиер-лигата, Хауард Веб.

Станува збор за ситуацијата при резултат 2-1 кога беше досуден пенал за стартот на Колинс над Мбеумо, кога гостите бараа црвен картон за дефанзивецот на Брентфорд.

Главниот судија Посон му покажа жолт картон на Колинс, а ВАР по долга анализа реши да не се вмеша, со образложение дека Мбеумо немал контрола над топката во моментот на прекршокот.

„Тоа беше класичен пример за спречување на стопроцентна шанса за гол, за што казната е црвен картон. Судиите од ВАР згрешија што не реагираа“, истакна Хауард Веб.

Бруно Фернандеш го промаши пеналот со кој можеше да го израмни резултатот, а Брентфорд во судиското продолжение постигна и трет гол и ја запечати победата.

Се вчитува...