Ракометната судиската двојка Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев, со писмо ја известија РФМ дека се повлекуваат од судењето.
Причината е поради тоа што биле изложени на неправди и понижувања. Тие изјавија дека ставаат крај на нивните кариери, и дека не сакаат да придонесуваат во нешто, како што велат, „веќе не личи на спорт и далеку е од фер плеј.
„Поради сите актуелни заткулисни игри, исполнување на желби на сите клубови, константно понижување на судиската фела, а посебно на нас како долгогодишна судиска двојка која зад себе има незанемарлив број на меѓународни натпревари и европски првенства, а да не збориме колку дерби натпревари што ги решавале првенствата и куповите на Македонија. Не можејќи веќе да трпиме неправди и понижување во нешто што пола живот имаме вложено со срце и љубов, решивме неотповикливо да се повлечеме и да ставиме крај на нашите кариери, несакајќи да допринесуваме и учествуваме во нешто што веќе не личи на спорт и далеку е од фер плеј“, стои во писмото адресирано до медиумите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

