Судиите од мечот меѓу Бразил и Аргентина суспендирани на неодредено време

Дуелот меѓу Бразил и Аргентина го одбележаа голем број прекршоци, а сето тоа заврши со суспензија на судиите. Највпечатлив момент беше дуелот меѓу Николас Отаменди и Рафиња. Отаменди толку силно го удри Рафиња со лакт што дури и го раскрвави, а тој не доби ниту жолт картон по ваквиот прекршок.

Фановите беа разочарни од натпреварот меѓу двата великани, имајќи предвид дека на теренот предничеше многу повеќе физичката пресметка отколку играњето фудбал. Ваквиот развој на настаните со „камата“ го наплатија судиите.

Главниот арбитар Андрес Куна и неговиот колега од ВАР-собата добија суспензија на неодредено време бидејќи на големото дерби направија неколку сериозни грешки, а во преден план особено беше стартот на Отаменди.

 

 

Се вчитува...