Ријека не успеа да ги искористи поразот на Динамо Загреб од Хајдук (0-2), па откакако ремизираше (1-1) со Истра остави неизвесност во трката за шампионската титула во Хрватска до крајот на првенството.
А, Ријека прва поведе со голот на Горгон, а на асистенција на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, кој донесе интересна ситуација. Помошниот судија најпрво го крена знаменцето покажувајќи дека имало офсајд по додавањето на Ристовски. Главниот судија го поништи голот… А, согласно снимките се чини дека ситуацијата е чиста.
И потоа се случи чудна ситуација меѓу двајцата судии. Главниот Фран Јовиќ го поништи голот, и притрча до помошниот да ја расчисти ситуацијата по протестите на фудбалерите на Ријека.
Но, по кратка консултација покажа на центарот. Го призна голот на Ријека! Но, очигледно воопшто не му беше мило, па онака патем продолжи да му дофрлува нешто на својот асистент, во неверување гледајќи кон него…, кој, пак, мртов ладен си се упати кон центарот…
* Ситуацијата околу спорниот гол на дуелот Истра – Ријека може да ја погледнете на временскиот исечок – 1:38…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА