ЕКИПА во Ереван, Ерменија
Владимир Булатовиќ
Македонската репрезентација во главно мирно прво полувреме, без многу допадлив фудбал во Ереван, игра 0-0 по првите 45 минути со Ерменија во 4. коло од Групата 4 во Ц-Лигата на УЕФА.
Максимално возбудливо почна натпреварот со прва можност уште во 4. минута и гол за Македонија. По корнер-проигрувањето на левата страна меѓу Барди и Елмас, одлично нафрлање на Елиф на првиот дирек каде Серафимов извонреден во скокот со глава, но голот поништен поради офсајд.
Повеќе од три минути англиските судии вршеа ВАР-проверка и потоа, откако „милиметрите одлучуваа“ со сомнителна конечна одлука пресудија дека голот не е регуларен.
По мирен период на играта потоа, во кој македонската селекција повеќе се закануваше пред голот на домашните посебно преку Елмас кој имаше неколку убави продори по левата страна, Ерменците првпат со можност во 23.минута кога Бичакчјан во 23. минута од убава позиција шутираше високо над голот на Димитриевски.
Во 30. минута убава можност за македонскиот состав, Елмас во продор го прогрува Алими но за малку домашната одбрана расчистува пред него во шеснаесетникот. За да во брз контранапад на спротивната страна, Ерменците со шанса но Спертсјан шутира непрецизно.
На крајот од првиот дел Ерменија имаше одлична можност и за водство, но Миранјан шутираше покрај голот со глава од непосредна близина, за крај на првиот дел.
Ц-ЛИГА НА НАЦИИ – ГРУПА 4 (4. коло)
ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА (прво полувреме: 0-0)
Републикански стадион „Вазген Саргсјан“ во Ереван. Гледачи: Главен судија: Стјуарт Атвел (Англија). Помошници: Барт и Хасон (Англија). Ж. картони: Иву (Е); Манев (М).
ЕРМЕНИЈА: Чанчаревиќ, Хофханисјан, Мурадиан, Харојан, Kаласир, Тикнизјан, Иву, Спертсјан, Бичакчјан, Заларајан, Миранјан
Селектор: Александар Петраков
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Димоски, Манев, Серафимов, Зајков, Алиоски, Алими, Атанасов, Барди, Елмас, Миовски
Селектор: Благоја Милевски
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА