Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан е разочаран од нивото на судење на натпреварите од Евролигата. По мечот со Милано, и покрај убедливата победа на атињаните, Американецот ја истакна лошата работа на судиите.
Дамир Јавор, Гитис Вилиус, Кристапс Константиновс беше триото кое беше делегирано за натпреварот помеѓу Панатинаикос и Милано. Од неговите зборови јасно се гледа дека има проблем со начинот на кој судиите ги водат натпреварите од коло во коло, а не само на последниот меч.
„И покрај победата од 20 поени, човече, судиите беа ужасни и некој треба да ја преземе одговорноста за тоа како ги водат натпреварите“, изјави Нан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА