Судија без чувства: Греј доби картон за прослава на најемотивниот гол сезонава

Максимално емотивно беше на денешниот дуел меѓу Кардиф и Лестер, на кој гостите успеаја да слават со 0-1 во својот прв натпревар по трагичната смрт на претседателот Вишаи Шривадханапрабха, по минатонеделниот дуел со Вест хем.

Демарај Греј беше стрелец на погодокот со кој „лисиците“ дојдоа до победата, а младиот офанзивец истрча пред делот со гостински навивачи, за заедно со нив и со соиграчите да го прослави најемотивниот премиерлигашки гол сезонава.

Греј притоа го соблече е дресот, а судијата Ли Проберт не покажа разбирање за целокупната ситуација, па му покажа жолт картон на стрелецот на голот, добивајќи свирежи од фановите на Лестер, но и од оние на домашната екипа. Правилата се правила, но некогаш навистина постои причина поради која може да изостане картон за вакво нешто.

Се вчитува...