Судиската организација на Премиерлигата поведе истрага против судијата Дејвид Кут откако се појави видео снимка на која тој користи навредливи зборови за Ливерпул и нивниот поранешен менаџер Јирген Клоп. Поради ова, Кут е суспендиран додека трае истрагата.
Кут, кој ја судеше саботната победа на Ливерпул против Астон Вила со 2-0, е прикажан на снимката, за која се претпоставува дека е стара неколку години.
Судијата на снимката кажа дека Ливерпул се „го*на“, додека Клоп е „пи*ка“, но засега не е јасно поради која причина судијата дозволил да го снимаат додека кажува навреди за клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА