Со својата брза интервенција, судијата Патрик Итрих му го спасил животот на фудбалерот на Мајнц, Јосуа Гилавоги.
Играчот се судри со својот соиграч Ентони Качи во 33. минута од средбата, а коленото на Качи заврши во главата на Гилавоги. Судијата Итрих веднаш ја препозна ситуацијата како опасна, и го прекина мечот, трчаше да му помогне на Гилавоги, ставајќи го на страна, и потоа му го извадил голтнатиот јазик од грлото.
„Ако некој така лежи, тогаш мора брзо да дејствувате. Сум доживеал многу вакви ситуација. Јазикот беше во задниот дел и кога повторно ќе излезе надвор, тогаш повторно почнувате да дишете“, изјави Итрих, кој е полицаец, и доби големо признание од фановите и од жителите на Мајнц.
„Амири веднаш дојде и ме прегрна затоа што знаеше дека е тоа опасна ситуација“, рече Итрих.
QUICK RESPOND ⚡️
Wasit Patrick Ittrich harus melakukan pertolongan pertama saat gelandang Mainz, Josuha Guilavogui kehilangan kesadaran dan tampak lidahnya tertelan.
Guilavogui sebelumnya bertabrakan dengan rekannya, Anthony Caci di bagian kepala.pic.twitter.com/Fczx9wrvuM
— MEDIOCLUB (@medioclubID) March 10, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА