Судија, да не си слеп – еве ти очила (видео)

Голден Стејт повторно ги разочара своите навивачи губејќи го и вториот домашен натпревар во серијата со ЛА Клиперс (121-129). Најзаслужен за победата на гостите беше Лу Вилијамс кој постигна 33 поени. Бекот постигна тројка на две минути и триесет секунди до крајот на натпреварот за плус два на својот тим, што беше и клучен момент во петтиот натревар од серијата.

Ѕвездата на „воините“ Кевин Дурант беше бесен на одлуката на судијата по шутот на Вилијамс, а дел од навивачите изразувајќи револт се понудија да му ги позајмат очилата на судијата за да може подобро да ја оцени ситуацијата.

 

Се вчитува...