Иштван Ковач од Романија ќе биде главен судија на финалето на Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Интер, објави денес Европската фудбалска унија (УЕФА).
Негови помошници ќе бидат Романците Михаи Марица и Ференц Туњоги, додека Португалецот Жоао Педро Силва Пинеиро е назначен за четврти арбитар.
Резервен судија ќе биде Португалецот Бруно Мигел Алвес Хесус. УЕФА утврди дека Холанѓанецот Денис Јохан Хиглер и Каталин Сорин Попа од Романија ќе бидат во ВАР собата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

