Боливискиот судија Раул Орско беше главен арбитар на мечот од националното првенство меѓу Олвејс Реди и Боливар, а пред самиот крај на натпреварот донесе контроверзна одлука кога досуди пенал, гестикулирајќи со рацете по користење на ВАР технологија.
Домашните фудбалери во 95. минута побараа пенал поради играње со рака на гостински фудбалер, Ороско замина до асистентот со кого се консултираше, по што покажа дека со помош на ВАР досуди пенал. Бидејќи во Боливија се уште не е воведена видео технологијата на натпреварите на навивачите и на фудбалерите на теренот не им беше јасно што се случи.
За среќа домаќините го промашија пеналот, а натпреварот заврши со победа на Боливар од 0-1.
Bochornoso lo que pasó con Raúl Orosco en el partido entre Always Ready y Bolívar. Su asistente le advirtió que vio un penal; acto seguido, entra el árbitro haciendo la seña del VAR y pita la falta. Ferreira estrella su disparo en el poste. pic.twitter.com/LyoJCyVncZ
— Jorge Garrett (@garrett_bol) August 3, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА