Фудбалската репрезентација на Македонија загуби со 2-1 на гостувањето кај Чешка од 2-1, во меч во кој главен актер беше главниот судија Оченаш од Словачка.
Првата шанса домаќините ја имаа во 8. минута кога Патрик Шик биеше со глава, но Столе Димитриевски беше на вистинското место. Набрзо Чешка имаше нова шанса по ударот на Цоуфал, но Муслиу спаси чист погодок за Чесите.
Чешка успеа да ја затресе мрежата на Димитриевски, но голот беше поништен бидејќи Шик беше во офсајд позиција. До крајот на првиот дел падна темпото на игра, па на пауза се замина со почетниот резултат од 0-0.
Oткако првите петнаесет минути од второто полувреме не донесоа ништо, домаќините поведоа со 1-0 со голот на Патрик Шик во 60. минута од пенал, пенал кој во најмала рака беше дискутабилен, но немаше асистенција од ВАР.
Czech Republic 1-0 North Macedonia – Patrik Schick penalty 60′
byu/Meladroitdimage insoccer
Македонија како да требаше да прими гол за да се разбуди, па само пет минути подоцна успеа да израмни преку Исник Алими на 1-1 кој го запиша својот деби погодок во националниот дрес.
Goal: Isnik Alimi | 🇨🇿 Czechia 1-1 North Macedonia 🇲🇰 pic.twitter.com/ZQnrPXyGsw
— PushGoals (@PushGoals) June 10, 2024
Повторно во преден план беше судијата Оченаш, кој одлучи на пријателски меч да продолжи дури седум минути за буквално во последната секунда да досуди пенал за Чесите кој го реализираше Барак во 99. минута за победа од 2-1. За потсетување на првиот пријателски натпревар летово, Македонија загуби на гостувањето кај Хрватска со 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА