Судијата го објасни црвениот картон на Белингем: „Ми рече е*и се“

Натпреварот помеѓу Осасуна и Реал Мадрид го одбележа скандалозниот црвен картон на Џуд Белингем во првото полувреме. Англискиот репрезентативец се најде во вербален конфликт со судијата Хозе Мунуера Монтера по што изненадно му беше порачано да се упати кон соблекувалната.

Додека навивачите на Реал Мадрид се чудат за овој потег, на социјалните мрежи се појави снимка на која судијата му ја објаснува на капитенот на Реал Мадрид, Лука Модриќ причината за овој потег.

„Ми рече е*и се“, вели Монтера додека Модриќ тврди дека не биле изречени овие зборови.

Се вчитува...