Судијата како одбранбен играч: Бркаа израмнување, а арбитарот им го блокираше слободниот удар (ВИДЕО)

Антверпен во 32. коло во Белгија со 1-0 го совлада составот на Зулте Варегем. Голот вреден победа беше постигнат во 83. минута, но комична ситуација се случи во последните секунди од натпреварот.

Беше досуден слободен удар за Зулте, кој бркаше израмнување. Дури и голманот се уфрли во нападот, меѓутоа играчот на Зулте од слободен удар наместо да проигра некој од соиграчите, го погоди токму судијата. Арбитарот досуди топка за Антверпен, со што шансата за израмнување пропадна.

Комичната ситуација може да ја погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...