Судијата кој го исклучи Меси синоќа спасувал „жива глава“

Аргентина го освои третото место на Копа Америка откако славеше со 2-1 против Чиле, благодарение на головите на Агуеро и Дибала. Бронза која за Аргентинците и не значи многу, посебно по болната елиминација во полуфиналето од Бразил.

Сепак, клучниот детал кој го одбележа мечот е дуелот од 37. минута меѓу Медел и Меси по кој судијата на двајцата им покажа црвен картон. Смела одлука на парагвајскиот судија, кој поради тоа имал долга непреспиена ноќ…

„Моето семејство и јас синоќа постојано добивавме заканувачки пораки од непознати личности. Ги молам надлежните да ме заштитат затоа што јас само си ја работам мојата работа, постапувајќи онака како мислам дека е најдобро“ – изјави денеска парагвајскиот судија, кој синоќа со полициска придружба мораше да го напушти стадионот во Сао Паоло.

Судијата бил нападнат и синоќа веднаш по завршувањето на натпреварот од три лица кои се приведени, поради што дополнително останал во соблекувалните во очекување на полициското засилување кое го изнело од стадионот.

Се вчитува...