Популарниот шпански судија Хозе Луис Мунуера Монтеро се пожали на сериозен психолошки притисок по она што се случи минатиот викенд. 41-годишниот судија го надгледуваше натпреварот на Реал Мадрид против Осасуна (1:1), на кој му покажа директен црвен картон на Џуд Белингем .
Потоа беше нападнат на социјалните мрежи од гневните навивачи на „кралевите“. Паралелно, се појавија фотографии за кои се тврди дека се од неговиот имот, вклучувајќи слика со легендата на Барселона, Лионел Меси. Сепак, Монтеро рече дека тоа не е негова сопственост. Одделно, се дозна дека тој е косопственик на компанијата Talentus Sports Speakers, која обезбедува консултантски услуги во областа на спортот и работи со некои спортски организации. Во врска со ова, Ла Лига започна истрага против него за потенцијален конфликт на интереси.
Судијата со солзи во очите зборуваше дека не излегувал од дома после тие закани.
„Цел ден сум затворен дома, многу е тешко. Ова веќе станува премногу за моето семејство, особено за мојот 80-годишен татко. Одеше и во црква. Моите родители се стари и ова не го заслужуваат. Работите излегуваат од контрола, какво е ова лудило? Како фудбал создаваме? Се обидувам да го заштитам моето семејство, но не ми оди. Нема да коментирам за судењето, луѓето не треба да веруваат во се што ќе прочитаат. Давам изјава затоа што не можам за издржам. И ние сме дел од фудбалот како и играчите и тренерите и заслужуваме почит. Не сакам да грешиме, но додека не се најде беспрекорен робот, ќе има грешки затоа што сме луѓе. Продолжуваат да се прават и со ВАР кој го спроведоа клубовите, а не ние“, изјави Монтеро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

