Вистински хаос предизвика одлуката на судијата Хил Манзано синоќа да свири крај на натпреварот меѓу Валенсија и Реал Мадрид токму во моментите кога „кралевите“ ја довршуваа последната акција во која, пак, Џуд Белингам постигна и гол за триумф на гостинската екипа.
Но, голот секако остана непризнаен затоа што Манзано свиреше крај само една секунда пред Англичанецот да погоди за Реал Мадрид. Сето тоа донесе тензии на теренот, а во мешаницата директен црвен картон заработи Џуд Белингам.
Во официјалниот записник по мечот, судијата објаснил зошто му доделил црвен картон на Белингам…
„По крајот на натпреварот, во моменти кога се уште бевме на теренот, играчот со број 5, Џуд Белингам тргна кон мене со викање и со агресивен став. Во неколку наврати ми повтори ‘Тоа е е.ан гол’“ – пишувало во записникот на Манзано, а кој го пренесуваат шпанските медиуми.
GIL MANZANO LE HA SACADO ROJA A BELLINGHAM
ME CAGO EN TODOS SUS MUERTOS PISADISIMOS
¡¡ QUÉ COJONES HACE ESTE SUBNORMAL PITANDO EN PRIMERA!! pic.twitter.com/lEqd2R9iXa
— Real Madrid Unido™ (@RMadridUniido) March 2, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА