Неверојатна случка го одбележа синоќешниот дуел од Премиер-лигата меѓу Вулверхемптон и Астон Вила, откако судијата на дваесетина минути до крајот мораше да го прекине мечот… за да истрча до тоалетот во својата соблекувална.
„Кога природата ќе те повика“, нема време за чекање, а додека фудбалерите на теренот беа во исчекување дуелот да продолжи, навивачите на трибините се забавуваа.
Кога Досон повторно се појави на теренот, од трибините каде што беа фановите на Вулверхемптон почна да ечи „Зошто се задржа толку…“, како продолжение на доброто расположение за домашните навивачи чиј тим е последен на табелата, но успеа да го земе скалпот на третопласираната Вила.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

