Натпреварот меѓу Барселона и ПСЖ од осминафиналето во Лигата на шампионите е и натаму тема број еден во фудбалскиот свет. И по два дена, една од централните теми е главниот судија на дуелот.
Дениз Ајтекин од Германија донесе неколку сомнителни одлуки на мечот во корист на домашните. На сето тоа имаше жалба од ПСЖ, кои го оспоруваа пеналот над Суарез, но и дуелот меѓу Маскерано и Ди Марија по кој Ајтекин не досуди пенал за гостите.
Според последните информации, судиската организација на УЕФА на чело со Пјерлуиџи Колина ќе го разгледува целиот случај и можна е суспензија за судијата од Германија. Се очекува, и покрај тоа што беше во потесниот избор на судии за делење на правдата до крајот на сезоната во Европа, сепак да оди на „ладење“ и да биде суспендиран до крајот на оваа сезона.
Во секој случај, и јавноста е поделена околу делењето на правдата на „Нои Камп“. Дел мисли дека се беше регуларно што се однесува до судењето, а дела дека тимот од Париз е украден и спречен да ги продолжи натамошните европски натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА