Судијата по неверојатно поништениот гол на Барселона – „Што да правам?“ (ВИДЕО)

Барселона го претрпе вториот пораз во шпанското првенство откако загуби на гостувањето кај Реал Сосиедад во 13. коло со 1-0 во натпревар кој го одбележа и контроверзија.

Имено, автоматскиот ВАР во 13. минута, при резултат 0-0 поништи гол на Роберт Левандовски поради офсајд. Оваа одука според многумина е погрешка со оглед на тоа што самиот систем ја препознал ногата на дефанзивецот на Реал Сосиедад како онаа на Полјакот па така тој се најде во милиметарска недозволена ситуација.

По натпреварот се појави и видео снимка од разговорот на тренерот Ханси Флик и судијата Гилермо Хернандез во која судијата се оградува од одлукта.

„Што да правам? Ако ВАР вели дека е офсајд, зошто ние би измислувале офсајд? Вие тврдите дека нема недозволена ситуација и за вас не е офсајд бидејќи е одлука против вашиот тим“.

Се вчитува...