Барселона без многу проблеми во деветтото коло од Примера дивизион ја забележа и својата осма победа, славејќи на домашен терен против Малага со 2-0.
Каталонците вообичаено имаат проблеми со овој ривал, но во прилог вечерва им одеше огромниот судиски превид, откако арбитрите го признаа голот на Деулофеу на самиот почеток иако беше очигледно дека топката пред центаршутот на Диње ја мина гол-линијата.
По раната предност, избраниците на Валверде рутински го контролираа темпото и во второто полувреме постигнаа и втор гол, преку Иниеста на асистенција на Лео Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА