Да се оштети гигант како Португалија за регуларен гол е сериозен престап, уште повеќе ако тој гол го постигнал Кристијано Роналдо, кој го брка рекордот за најмногу погодоци во историјата на репрезентативниот фудбал. Тоа на своја кожа најдобро го почувствува Марио Дикс, помошниот судија од дуелот Србија – Португалија, кој не забележа дека топката по ударот на Роналдо ја минала гол-линијата.
Врз холандските арбитри во деновите по мечот беше извршен огромен притисок, а цената ја плати токму Дикс, кој доби отказ од судиската тројка предводени од Дани Макели и нема да биде дел од холандскиот судиски тим за ЕВРО 2020.
„Огромно разочарување за мене, и тоа токму пред европскиот шампионат. Макели ми соопшти дека сака да продолжи со друг помошник бидејќи ја загубил довербата во нашата соработка. Искрено се надевав на поголема поддршка, разбирање и доверба по успешната соработка сите овие години“, изјави Дикс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА