Кога на 26. јануари Јирген Клоп соопшти дека заминува од Ливерпул, многумина ја примија веста со неверување, а потоа стана јасно дека тоа е вистина, со што Германецот ќе го заврши деветгодишната мисија на „Енфилд“. Клоп сака да ја заврши мисијата со три трофеи, меѓу кои и оној во Премиерлигата.
Дали ова ќе биде последна пресметка помеѓу Пеп и Клоп? Менаџерот на Манчестер Сити е убеден дека повторно ќе се сретнат.
„Имам чувство дека не’ напушта некој од нас, од Манчестер Сити, затоа што Ливерпул е наш најголем ривал. Лично, Клоп е мојот најголем ривал откако бев во Баерн, а тој во Дортмунд. Ќе ми недостасува, но сум задоволен затоа што ќе спијам помирно кога ќе треба да играме против Ливерпул. Му посакувам се најдобро“, рече Пеп.
Меѓусебниот дуел и оваа сезона е окарактеризиран како наголемо дерби во англискиот фудбал во модерното време. Во целина таков епитет може да има само дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед, но вториот тим од Манчестер засега е далеку од врвот.
Двајцата се сретнаа до сега 29 пати во разлини тимови, Клоп има 12 победи, Пеп 11, шест пати било нерешено. Двата менаџери ја сменија историјата на клубовите.
Дуелот меѓу Ливерпул и Манчестер Сити се игра на „Енфилд“ и почнува во 16:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА