СУДИСКА АНАЛИЗА: Академија Пандев оштетена против Шкупи

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 24. коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК Академија Пандев – ФК Шкупи одигран на 18.03.2023 година, анализирани се ситуациите од 27, 30 и 78 минута.

Главен судија: Димитар Пилешков; Помошни судии: Душко Панов и Тоше Ицев;

27. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен ЦРВЕН картон )

На одбиена топка и ничив посед, на средина на теренот за игра, двајца противнички играчи тргнаа на топката, во тој момент играчот на екипата на гостите стартуваше грубо (со високо подигната нога и отворен ѓон) во главата на противникот и направи прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, играта беше прекината и доделен ЦРВЕН картон за играчот на гостите, поради груб старт над противникот (во пределот на главата, високо подигната нога и отворен ѓон).

30. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (недосудено офсајд позиција)

Играч од екипата на гостите центрираше топка во шеснаесетникотсетникот на домакините, играч на екипата на гостите кој се наогаше во офсајд позиција направи движење со телото (скокна на топка за да игра со неа) меѓутоа не ја допре,топката дојде до негов соиграч кој се наогаше во дозволена позиција и постигна гол.

Погрешна одлука на првиот помошен судија, голот требаше да биде поништен, требаше да се досуди индиректен слободен удар за домакините (офсајд позиција) бидејки играчот на гостите кој сакаше да игра со топката и влијае на противничкиот играч, се наогаше во недозволена офсајд позиција во моментот на центаршутот (пред предпоследниот играч од одбраната на домакините).

78. минута: ИСПРАВНАПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домаќините ја имаше топката во свој посед во шеснаесетникот на гостите, сакајќи да го помине одбранбениот играч на гостите, над него од позади на долниот дел на ногата старуваше играч од одбраната на гостите и направи прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за екипата на домаќините, поради недозволен старт на нога на играч од екипата на гостите .

На останатите натпревари од ПРВА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа

Судиска анализа на 21 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 22/23

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 21. коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК Гостивар – ФК Слога одигран на 12.03.2023 година анализирана е ситуацијата од 30 минута.

Главен судија: Доне Ристовски; Помошен судија: Иван Танев и Давор Дишлиовски;

37. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

Играч од екипата на домаќините упати удар кон голот на гостите, голманот на гостите ја одби топката и таа дојде до играч на домаќините кој постигна гол.

Погрешна одлука на вториот помошен судија, голот го поништи поради офсајд позиција, меѓутоа играчот на домакините во моментто кога голманот на гостите ја одби топката се наоѓаше во дозволена позиција (едно метро позади претпоследниот играч на гостите).

На натпреварот ФК Саса – ФК етекс одигран на 11.03.2023 година анализирана е ситуацијата од 28 минута.

Главен судија: Игор Стојчевски; Помошен судија: Дејан Димитриевиќ и Филип Николов;

28. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

На една топка во шеснаесетникот на домакините скокнаа двајца играчи од домашната екипа и еден противнички играч, имаше два контакта со топката и последен што играше со топката (со глава) беше играчот од гостите, потоа топката дојде до негов соиграч кој постигна гол.

Погрешна одлука на вториот помошен судија, голот што го постигна екипата на гостите е регуларен и требаше да биде признат, бидејќи играчот на гостите во моментот на додавањето на топката од неговиот соиграч се наоѓаше во дозволена позиција (позади претпоследниот играч од одбраната на домакините.

На натпреварот ФК Беса – ФК Беласица одигран на 12.03.2023 година анализирана е ситуацијата од 4 и 59 минута.

Главен судија: Благојче Ралески; Помошен судија: Петар Степаноски и Николче Николески;

4. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден слободен удар над голман)

Играч на домаќините од удар од агол центрира топка во шеснаесетникот на гостите, топката доаѓа до негов соиграч кој ја удира топката со глава, но во ист момент го удира со рака (подлактицата) во пределот на главата (лицето) голманот на гостите кој сака да интервенира на топка и постигнува гол.

Погрешна одлука на главниот судија, голот требаше да биде поништен и да се досуди слободен удар за голманот на гостите, поради недозволен старт на играчот на домакините со подлактица, во пределот на лицето на голманот.

59. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен ЦРВЕН картон )

На една топка на средина на терен која не беше во ничив посед, тргнаа два противнички играчи, играчот на домаќините со отворен ѓон и силен интенизтет стартуваше на ногата (подколеницата) на играчот на гостите и направи прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на гостите и доделен ЦРВЕН картон за играчот на домаќините поради недозволен старт со јак интензитет (отворен ѓон) во пределот на ногата (потколеница) на играч од екипата на гостите.

На натпреварот ФК Воска – ФК Пелистер одигран на 22.03.2023 година анализирана е ситуацијата од 87 и 90+3 минута.

Главен судија: Јосип Бартон; Помошен судија: Дарко Јовчевски и Александар Ѓорѓески;

87. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен ЦРВЕН картон )

Во дуел странично од голот на гостите покрај аут линијата и близу првиот помошен судија, играч од екипата на гостите во скок, со лакт го удри играчот на домаќините во пределот на главата (вратот) и направи прекршок.

Добра проценка на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на домаќините и доделен ЦРВЕН картон за играчот на гостите поради удар со лакт во главата на противнички играч.

90+3 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топката во шеснаесетникот на домаќините, играч од екипата на домаќините стартуваше невнимателено и направи недозволен старт на ногата на противникот.

Добра проценка на главниот судија, досуден удар од 11 метри за екипата на гостите, поради недозволен старт на нога, од играчот на домаќините над противнички играч.

На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Се вчитува...